Добрeдојдовте во Богомила,
јадрото на атомот наречен Македонија.
Заградена на север со Јакупица, на запад со Даутица и на југ со
планината Бабуна, Богомила се наоѓа во срцето на Македонија.
Лоцирана е на надморска височина од 500м. во северозападниот дел
од Богомилско поле во горниот тек на реката Бабуна. Таа заедно
со уште 12 села сместени по текот на реката Бабуна ја претставува
областа Азот. Името на оваа област, кое потекнува од турскиот
збор асии што значи „непокорлив“, асоцира на вековниот
сон на овој народ за национална, социална и духовна слобода. За
традицијата и културното наследство сведочи Ѕидан мост, мост
на влезот во Богомила кој потекнува од Римскиот период (време за
кое со сигурност може да се тврди дека постоела оваа населба). Таа
е родното место на поп Богомил, водач на богомилското учење
и антифеудално и антицрковно движење. Тој и неговите аскетски следбеници
од овде тргнале на својот еретички поход насочен против лажните
пророци, лажните богови, лажните светци, лажните евангелија, лажните
вери ... Овде е роден и Петар Поп Арсов - големиот родољуб
и над се борец кој како да бил предодреден да стане синоним за овој
крај.
Покрај извонредната природа, чистиот
планински воздух, Богомила може да ви понуди многу интересни локалитети.
Ако сте љубители на планината, планинарството и алпинизмот во го
препорачуваме Чеплес и врвот Солунска Глава. Доколку
пак го преферирате манастирскиот туризам, ви го препорачуваме
Св Богородица, на падините на планината Јакупица. Богомила е
вистинското место каде може да одите на лов или на риболов...
|